Со штедење и рестрикции, општина Василево ќе ги намалува сметките за струја

opstinska zgrada, 1

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, планира со штедење и преку рестрикции да ги намалува високите сметки за струја. „Формите и начинот на кои ќе се спроведуваат, дополнително ќе бидат одлучени“, е ставот на градоначалникот, кој бара можности за намалување на потрошувачката на струја а со тоа и на сметките кои се многукратно зголемени во однос на периодот од пред неколку месеци. Како што информираше во интервјуто за  регионалната телевизија ТВ канал ВИС, https://www.youtube.com/watch?v=Mhc70fWjON0, сметката за струја на општина Василево,  за месец август изнесува 1 000 000 денари, наспроти сметките од пред шест седум месеци, чии износи се движеле од 200 000 до 300 000 денари.

Но училиштата,  односно состојбата и последиците кои тие би можеле да ги имаат поради високите сметки за струја е она што во мометот е поприоритетно, смета градоначалникот Андонов, поради што   апелира до Владата и надлежните навреме да реагираат, за да може грејната сезона успешно да се преброди. „ Се наоѓаме во една сериозна ситуација и затоа бараме Владата соодветно да реагира,  да ги слушне нашите барања.  Тие се две: едното е да ги зголеми блок дотациите за да можат да ја пребродат грејната сезона училиштата, а другото е училиштата да плаќаат електрична енергија како домаќинствата а не индустриска“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  изнесен во споменатото интервју за ТВ Канал ВИС.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail