Активности за подобрување на условите за живот во Радичево

10_768x768

Во населеното место Радичево, Општина Васаилево изврши насип и порамнување на неколку улици, а во центарот на селото  поставени се основи за монтирање на осветлување –  активности кои ќе придонесат за подобрување на условите за живот во ова населено место.

Градоначалникот на општината, Славе Андонов, преку социјалните мрежи https://www.facebook.com/vasilevo24, информираше за тековните,  истовремено најавувајќи ги и планираните активности кои општината ќе ги реализира во периодот што следува. „Наредниот период ќе реализираме неколку проекти во населеното место Радичево.   Наредниот месец ќе биде асфалтирана улица, а ќе  се реконструира и школскиот двор во ова населено место. Општина Василево и понатаму ќе продолжи да ги подобрува условите за живот во сите населени места, согласно своите можности. За поубаво Василево“, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот Андонов.

1_768x768 11_768x768

4_768x768 9_768x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail