Градоначалникот ги започнува средбите со граѓани за планирање на Буџетот за 2023 година

Budzet-vasilevo

Од вечерва, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов ги започнува средбите со граѓаните низ населените места со цел планирање на Програмите и Буџетот на општина Василево  за 2023 година.

Вечерва со почеток во 19,00 часот, градоначалникот ќе го посети населеното место Нова Маала, каде присутните граѓани ќе ги изложат проблемите и приоритетите кои очекуваат локалната самоуправа да ги реализира во наредната 2023 година.

„Средбите со граѓани се најдобриот начин каде граѓаните во директна комуникација со мене како градоначалник  ќе ги елаборираат проблемите со кои се соочуваат, прашањата кои според нив бараат најитно решавање за да заеднички одлучиме што и кои проекти ќе бидат составен дел од Програмите и Буџетот за 2023 година и како такви ќе бидат реализирани во текот на наредната година. Доброто планирање е основа на успешна реализација и развој на секое населено место според потеребите на граѓаните но и можностите на општината“, е ставот на градоначалникот на општина Василево кој од вечерва, заедно со претставници од стручната служба започнува со средби со граѓаните во населените места.

Вечерашната средба ќе се одржи во просториите на училиштето во Нова Маала.

Општина Василево ги поканува граѓаните помасовно да присуствуваат на овие средби и да го дадат својот максимален придонес во  креирањето на Буџетот за 2023 година а со тоа и во развојот на општина Василево и нејзините населени места.

Граѓаните,  своите предлози и идеи за проекти  што би се реализирале во наредната година, можат да ги дадат и преку специјално креираната електронска форма http://opstinavasilevo.gov.mk/?page_id=12151, на општинската веб страна. Учеството во креирањето на Буџетот за 2023 година е учество во креирањето на иднината на општина Василево.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail