Спроведени активности на расчистување на локалниот пат Едрениково-Требичино

3_768x768

По повод престојниот празник Петковден и масовната посета од страна на граѓаните на манастирот Св. Петка во населеното место Требичино, општина Василево, деновиве спроведе низа комунални активности во функција на подобрување на патната  комуникација  со Требичино и  уредување на просторот околу манастирот,  со цел да се подобрат условите за бројните посетители. Со механизација,  отстранети се наносите и вегетацијата од крајпатниот појас, а  со намена за паркинг, израмнета и уредена е поголема површина на која граѓаните-посетители на манастирот Св.Петка ќе може да ги паркираат своите автомобили

„Се изврши расчистување и рамнење на патот Едерниково – Требичино по повод престојниот празник Петковден. Во текот на изминатите денови се превземаа активности и за рамнење на нови површини за паркирање на возила во населеното место Требичино. Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби“, по тој повод напиша на својот ФБ профил https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Активноста е спроведена во соработка со ЈПКД „Турија“, Василево.

4_768x768 5_768x768 6_768x768 8_768x768

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail