Општина Василево асфалтираше улица во с. Радичево

DSC_0213_1024x681

Денес, локалната самоуправа Василево, во населеното место Радичево  асфалтираше улица во должина од 200 метри и ширина од околу 3,5 метри, за која од сопствениот Буџет обезбеди околу  1 000 000 денари. На лице место беше градоначалникот на општина Василево  Славе Андонов, кој во изјавата за  за медиумите меѓу другото рече дека со асфалтирањето на оваа улица, општина Василево практично започнува со реализација на Програмата за патишта и улици за 2022 година.

„Граѓаните од овој дел на  Радичево после долги години очекување ќе добијат асфалтирана улица. Практично, денес со асфалтирањето на оваа улица започнуваме со реализација на Програмата за улици и патишта за 2022 година. Во наредниот период ќе продолжиме со асфалтирање на другите улици од Програмата“.

Изведувач на градежните работи на терен е компанијата Бони интерградба.

Од Радичево, градоначалникот сподели информации и за останатите тековни активности на кои  општината работи  во ова населено место, како и за оние кои во иднина со сигурност ќе се реализираат. „Паралелно во Радичево се работи и на уредување на училишниот двор односно поставување на бекатон плочки во дворот и замена на оградата.

Посебно сакам да споделам уште една убава вест која се однесува на ова населено место: преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион одобрен е проектот Асфалтирање на улицата  до црквата во с. Радичево, во должина од околу 200 метри и буцет од околу 2,5 милиони денари“, потенцираше градоначалникот Андонов, во денешната изјава за медиумите.

DSC_0223_1024x681

DSC_0198_1024x681 DSC_0200_1024x681 DSC_0204_1024x681 DSC_0210_1024x681 DSC_0215_1024x681 DSC_0220_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail