Совет на општина Василево ја одржа 15-та седница Градоначалникот на општина Василево ги обвини Советниците од СДСМ и Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ за неодговорно однесување

DSC_0275_1024x681

Денес Советот на општина Василево ја одржа редовната 15-та седница, чиј дневен ред, по дополнувањето имаше вкупно 11 предлози и сите беа усвоени.

Во работата на Советот не учествуваа Советниците од Советничката  група на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“,  кои ја напуштија Седницата со образложение дека секоја Седница, започнува со задоцнување, што е неодговорно и  воопшто не е добро за сите кои учествуваат или на некој начин се поврзани со активностите на Седницата. Напуштањето на Седницата, од страна на  градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше оквалификувано  како неодговорно со образложение дека   Советниците се избрани од граѓаните и не треба со паушални изјави за 10-15 минутно каснење да ги напуштаат Седниците, бидејќи тие се избрани од граѓаните на општина Василево и треба да си го заслужат надоместокот.

Во образложението за кварталните извештаи, Квартален извештај за извршување на Буџетот (К1),  Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски (К2) и Квартален извештај за промените на состојбата на задолжување (К3),  сите  за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година, градоначалникот Андонов рече:   „За прв пат после неколку години долгот на општина Василево за месец и пол е намален за три милиони денари, а сите сте сведоци дека тековно си течат сите проекти и   сите потреби на граѓаните согласно нашите можности се реализираат“.

На дневен ред на денешната седница беше и Финансискиот извештај на ЈПКД „Турија“ за периодот 01.01.2022 до 30.09.2022 година, според кој ова јавно претпријатие во споменатиот период има добивка од  363 988 денари.  Советот го прифати и Предлогот за разрешување на Тони Еркечев од претседател на Надзорниот одбор на ЈПКД Турија и на негово место го именува Томе Спасов.

Советниците ја усвоија и Предлог-Одлуката за измената на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2022. Измената е во рамки на Програмите Основно образование и Детски градинки и се однесува на внатрешна пренамена на средствата од една во друга ставка.

На дневен ред беа и  Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистичли планови во општина Василево за 2022 година и Предлог-програма за одржување на локални патишта и улици во општина Василево за 2022/2023 година во зимски услови. И двете го добија потребното мнозинство.

Советниците позитивно одговорија и на неколкуте Барањата за финансиски средства поднесени од физички и правни лица.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail