Советот на општина Василево додели финансиска помош за опожарената куќа во с. Василево

пожар

„Советот на општина Василево денес донесе Одлука за еднократна парична помош од 60.000 денари на семејството од Василево чиј покрив и спрат од семејна куќа целосно изгореа. Пред неколку недели изби пожар во Василево во кој, целосно изгоре покрив и спрат од семејна куќа. Пред се како човек, секако и како Градоначалник,чувствувам должност и обврска да ги повикам моите сограѓани на солидарност, која во Василево секогаш постоела. Апелирам до сите општествено одговорни компании, како и до сите хумани луѓе, да излезат во пресрет и да му помогнат на оваа семејство, на овие наши сограѓани, да си ги обноват својот дом. Апелирам до МВР сериозно и до крај да го истражи овој случај“,  напиша на својот ФБ профил, www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по вчера одржаната седница на Советот на општина Василево, на која советниците  донесоа Одлука општината финансиски да помогне на семејството од с.Василево чија куќа беше зафатена од пожар.

Според официјалниот Записник од увид, направен од Дирекцијата за заштита и спасување, во пожарот кој се случил на 20.10.2022 година, опожарени се кровот  и спрат од семејната куќа при што е направена  голема материјална штета која дополнително треба да биде утврдена.

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail