Градоначалникот на општина Василево и Министерот за дијаспора потпишаа Договор за соработка во областа на дијаспората

DSC_0033_1024x681

Денес, во Василево градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов  и Министерот за Дијаспора во Владата на  РСМакедонија,  Џемаил Чупи (Xhemail Cupi), потпишаа договор за соработка во областа на дијаспората.

„ Општина Василево како една од општините со голем број на иселени граѓани,  главно низ европските држави, има посебен интерес од потпишувањето на овој Договор со кој се планира отварање на Канцеларија  за соработка со дијаспората,  која ќе биде во функција на нашите сограѓани  кои се во дијаспората.

Канцеларијата, наречена „Центар за дијаспора“, ќе има посредничка улога и ќе служи како центар  во кој или преку кој,  на граѓаните од дијаспората ќе им се овозможи пристап  до потребните информации и дополнителни насоки по основ на нивните права и соодветните постапки пред надлежните институции“, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Василево, во своето обраќање по повод денешното потпишување на Договорот.

Задоволство од прифаќањето на предлогот за отварање канцеларија за дијаспора во општина Василево изрази Министерот, Чупи: „Со прифаќањето на предлогот за отварање на канцеларија за дијаспора докажувате дека сте човек кој размислува за вашите жители и за нашинците во дијаспората кои се потенцијал не само како инвеститори во татковината туку и како професионален и научен потенцијал. За мене е чест што сум овде на потпишување на овој Меморандум, бидејќи ова е показател дека државата, државните институции, централната и локалната власт се поврзува кога е во прашање интересот на нашата дијаспора“, рече министерот Чупи во своето елаборирање околу суштината и значењето на Договорот.

За градоначалникот Андонов, со потпишувањето на Договорот општината на практичен начин ќе покаже грижа за своите сограѓани кои се надвор од државните граници и реално ќе им помогне во надминување и решавање на прашања и проблеми од административен и друг карактер за кои тие ќе имаат потреба. „Чинот на потпишување на денешниот Договорот е чин на потврда на нашите заложби за остварување на правата на нашите сограѓани независно дали се во или надвор од државата и потврда дека за општина Василево граѓанинот е на прво место. Очекуваме многу брзо одредбите од денешниот Договор да ги дадат очекуваните резултати“, нагласи градоначалникот Андонов, во врска со денес потпишаниот Договор.

Според обраложението дадено од Министерот, Договорот има пет столба и тоа: креирање на база на активните здруженија во дијаспората, креирање на база на податоци на економската дијаспора како претпоставка за привлекување на странски инвестиции, третиот столб е мапирање на научната дијаспора, четвртиот столб е култура и петиот столб,  збратимување на општините.

DSC_0003_1024x681 DSC_0018_1024x681 DSC_0026_1024x681 DSC_0030_1024x681 DSC_0031_1024x681 DSC_0033_1024x681 DSC_0039_1024x681

DSC_0005_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail