Во недела, ќе се одржи манифестацијата Ден на празот, Специјални гости групата Next time

IMG_0002

Во недела, на 13.11.2022 година, во организација на општина Василево, во с. Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола, со почеток во 11,00 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на празот.

Присутните ќе имаат единствена можност да дегустираат специјалитети од праз и да уживаат во содржини од културно забавен карактер.

Според Програмата, свое обраќање на Манифестацијата ќе има градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

Во културно забавниот дел со свои изведби ќе се претстават учениците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански од Нова Маала  како и Културно уметничките друштва „Сушевски бисери“ од с. Сушево и КУД „Цветови“ од с. Дедино.

Свој настап ќе има и групата Next time.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail