Дневен ред за шеснаесетата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На ден 14.11.2022 година (понеделник)  со почеток во 13,30 часот, во просториите на спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи 16-та седница. За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Измена и дополнување на Буџетот на општина Василево (ребаланс) за 2022 година;
  2. Предлог-програма за активностите на општина Василево во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справување со кризи во 2023 година;
  3. Предлог-програма за активноста на општина Василево во областа на социјалната заштита за 2023 година;
  4. Предлог-програма за заедничка потрошувачка во општина Василево за 2023 година;
  5. Предлог-програма за одржување и проширување на уличното осветлување во општина Василево за 2023 година;
  6. Предлог-решение за формирање на привремена Комисија за изработка на Предлог-програмата за работа на Советот на општина Василево за 2023 година;
  7. Донесување на одлука по барање за градежен материјал за бетонирање на дел од улица, поднесено од Ванчо Митев од с. Радичево.
facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail