Градоначалникот Андонов и Next time, упатуваат покана за Манифестацијата Ден на празот

некст тајм,copy

„Задоволство е заедно со  Next Time  да Ве поканиме на манифестацијата ,,Ден на празот” на ден 13.11.2022 (недела),  11 часот во Градашорци, заедно да уживаме во нивната изведба на наши македонски песни и секако во специјалитетите од праз подготвени од рацете на нашите вредни домаќинки “, упати отворена покана преку социјалните медиуми градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба со Next time, задолжени за забавниот дел од Манифестацијата „Ден на празот“.

Денешната средба е во рамки на подготовките за манифестацијата Ден на празот,   кои се во својата финална фаза.

Манифестацијата ќе се одржи во дворот на црквата Св.Никола во с. Градашорци, општина Василево со почеток во 11,00 часот.

slave i next time

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail