Во Градашорци се одржа манифестацијата Ден на празот

DSC_0088_1024x681

Во организација на општина Василево, во Градашорци, во дворот на црквата Св. Никола  се одржа традиционалната манифестација Ден на празот на која присутните имаа можност да уживаат во културно-забавната програма, да дегустираат специјалитети од праз и секако да си купат од најдобриот, градашорскиот, праз.

„Во чест на празот, на оној најдобриот, градашорскиот и годинава ќе  се дружиме, ќе размениме искуства и позитивна енергија толку потребни  за реализација на нови идеи и нови проекти кои допрва не очекуваат. Ме радува вашето присуство. Тое е доволен показател и потврда за потребата од ваква манифестација, каде општината како добар домаќин и организатор им даде можност на луѓе различни по многу основи, да се најдат на едно место и да ги најдат своите заеднички интереси. Овде пред се мислам на производителите на праз и на конзументитети, сите оние сегашни но и идни љубители на празот, на луѓето од бизнис секторот, на помладите, на повозрасните, па дури и најмалите на кои оваа манифестација  сигурно ќе им остане во добро сеќавање“, рече во обраќањето пред присутните градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

И годинава, локалните домаќинки имаа подготвено бројни специјалитети од праз кои на задоволство на присутните беа дегустирани.

Задолжени за културно забавниот дел од Манифестацијата беа учениците од двете основни општински училишта „Гоце Делчев“ од Василево и „Атанас Нивичански“ од Новаа Маала, Културно уметничките друштва  „Сушевски бисери“ од с. Сушево и „Цветови“ од с,. Дедино, како и групата Next time.

Масовното присуство, како што кажа и градоначалникот Андонов „е доволен показател и потврда з апотребата од ваква Манифестација“, на која им се овозможуваат средби и контакти на производители, конзументи, стопанственици…. кои можат да ги најдат своите заеднички интереси.

Меѓу присутните беа и заменик амбасадорот на НР Кина,  Мао Кингвен,   директорот на Конфиндустриа, Енрико Раиноне,  Махмуд Елколали – инвеститор од Египет и претседател на Меѓународна федерација на бизнисмени и инвеститори,  пратеници, градоначалници, претставници на верските заедниции, гости од соседна Бугарија како и бројни соработници и партнери на општина Василево.

DSC_0006_1024x681 DSC_0008_1024x681 DSC_0011_1024x681 DSC_0013_1024x681 DSC_0016_1024x681 DSC_0022_1024x681 DSC_0024_1024x681 DSC_0031_1024x681 DSC_0042_1024x681 DSC_0048_1024x681 DSC_0050_1024x681 DSC_0054_1024x681 DSC_0055_1024x681

DSC_0063_1024x681 DSC_0072_1024x681 DSC_0083_1024x681
DSC_0101_1024x681 DSC_0117_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail