Општина Василево и ЦРЈИПР потпишаа договор за изградба на патот до црквата во с. Радичево

1

„Денес потпишав договор за реализација на проектот за изградба на патот до црквата Св.Илија во Радичево со директорот на Центарот за развој на југоисточниот плански  регион, Ѓоко Камчев. Ветеното го реализираме. Конечно после долги години очекувања на граѓаните од оваа населено место, ќе се асфалтира патот до црквата Св..Илија во Радичево“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов  по потпишувањето на Договорот според кој во населеното место Радичево, општина Василево во партнерство со ЦРЈИПР ќе се реализира проектот Изградба на улица до црквата Св. Илија во с. Радичево.

Должината на улицата е 327 метри и за нејзината изградба планирани се средства во износ од 2 594 653 денари, обезбедени од Бирото за регионален развој (БРР) во рамки на Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година донесени од Владата на РСМ.

Во периодот што следува, како наредна активност во реализација на проектот е објавување на Јавен повик од страна на ЦРЈИПР и  избор на градежна компанија која на терен ќе ги спроведе планираните активности.

2



3

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail