Четврдоодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево во посета на Градоначалникот

од Иван

Утрово, гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов,  беа учениците од четврто одделение  од училиштето „Гоце Делчев“, Василево. Заедно со нивните наставнички, Сузана Илиева и Елисавета Пелтечка,  одржаа практичен час по предметите општество и историја.

„Задоволство е да се биде домаќин на такви гости“ рече градоначалникот Андонов, посакувајќи им добро утро и убав ден на учениците, кои не го криеја задоволството од посетата  и можноста за се што ги интересира лично  да го прашаат градоначалникт.  Својата љубопитност ја преточија во прашања од типот:  дали треба многу да се учи за да се биде градоначалник, кој предмет му бил омилен на градоначалникот, што планира да направи за  образованието, за училиштата, за школските дворови и игралишта…, на кои со задоволство одговараше градоначалникот.

Посетата ја завршија подарувајќи му на градоначалникот ликовни изработки со општинските обележја-  грбот и знамето на општина Василево.

„Ваквите посети треба да се почести, едни од други многу можеме да научиме. Учениците кај мене се секогаш добредојдени“,  им порача градоначалникот на учениците и нивните наставнички.

DSC_0218_1024x681 DSC_0219_1024x681 DSC_0221_1024x681 DSC_0225_1024x681 DSC_0229_1024x681 DSC_0232_1024x681 DSC_0234_1024x681 DSC_0237_1024x681 DSC_0239_1024x681 DSC_0243_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail