Во насленото место Чанаклија спроведени повеќе активности во делот на комуналната сфера

3_1024x576

Изминатите денови, во населеното место Чанаклија, општина Василево спроведе повеќе активности во делот на комуналната сфера, како што се чистење на дивата депонија  и интервенции и активности на уредување и расчистување на локалната патнаинфраструктура

„Исчистена е дивата депонија во населеното место Чанаклија.  Пробиени и порамнети се неколку улици од наноси на земја и песок во Чанаклија“, https://www.facebook.com/vasilevo24, напиша на својот ФБ профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој и овој пат, како и многупати досега, повика на поодговорно однесување на сите граѓани. „Од сите нас зависи во каква општина ќе живееме. Свесноста и личната одговорност треба да ни се врвен приоритет. Да градиме одговорна заедница“, порача градоначалникот Андонов.

Во рамки на повеќедневните активности во ова населено место, општината интервенираше и во делот на локалниот пат  на самиот влез од селото, каде заради надминување на постојната, крајно лоша  состојба на асфалтот, истиот во еден дел е отстранет, местото е проширено, насипано и тампонирано, со што е олеснето одвивањето на сообраќајот во овој дел од селото. „Оваа активност произлезе од средбите со граѓаните на Чанаклија. Во наредниот период ќе го ставиме во планот да се асфалтира во рамки на нашите можности . Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за убаво Василево“, порача градоначалникот Славе Андонов.

Активностите на терен ги спроведуваше ЈПКД „Турија“ од Василево.

1_1024x462

1_1024x576 2_1024x576 6_1024x462 10_1024x462

 8_380x768 9_380x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail