Градоначалникот Андонов на средба со амбасадорот на РТурција, Хасан Мехмет Секизќок

111

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, вчера, оствари средба со амбасадорот на РТурција во РСМакедонија, Хасан Мехмет Секизќок, на која како што информираше градоначалникот Андонов, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 , се  разговарало за соработка во повеќе области, за историската поврзаност на двете држави а акцент бил ставен и на можностите за инвестиции на турски компании во општина Василево.

„Разговаравме за соработката во областа на образованието ,културата,спортот и инвестициите. На средбата, разговаравме и за историската поврзаност на двете држави. Во овој контекст, беа разгледани и можности за инвестиции на турски компании во општина Василево“. информираше  градоначалникот Андонов преку социјалните медиуми.

На средбата во амбасадата на РТурција, присуствуваше и Ридван Мемедов, член во Советот на општина Василево.

Во наредниот период, општина Василево очекува да биде домаќин на амбасадорот  Хасан Мехмет Секизќок,  кој ветил дека набрзо ќе ја посети општината.

2

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail