Започна асфалтирањето на локалниот пат Добрашинци – Нова Маала

2222

Денес, општина Василево започна со  асфалтирање на локалниот пат Добрашинци Нова Маала  во должина  од  1016 метри и ширина од околу 5 метри.

Ова е последната,  завршна фаза,  од целосната реконструкција за која  средствата во висина од 10 732 328 денари, општината ги обезбеди од Министерството за локална самоуправа на РСМакедонија.

Увид во текот на градежните активности изврши градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој е задоволен од квалитетот и текот на динамиката со која се одвиваат активностите. „Со реализацијата на овој проект, жителите од двете населени места Добрашинци и Нова Маала, како и сите останати кои го користат, на долг временски период добиваат квалитетен пат, кој обезбедува безбедно и сигурно одвивање на сообраќајот, а општина Василево уште еден успешно реализиран проект кој придонесува за подобрување на локалната патна инфраструктура, изјави градоначалникот Андонов “.

Според планот на активности  на изведувачот, доколку временските услови се поволни, асфалтирањето треба да заврши во понеделник.

Градежните работи на терен ги изведува компанијата Бони Интерградба.

DSC_0257_1024x681 DSC_0262_1024x681 DSC_0263_1024x681 DSC_0268_1024x681 DSC_0282_1024x681 DSC_0286_1024x681 DSC_0297_1024x681 DSC_0299_1024x681

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail