Дневен ред за седумнаесеттата седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 09.12.2022 година (петок) со почеток во 15,30 часот, во просториите на спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната седумнаесетта седница.

За работа на седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-програма за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2023 година;
  2. Предлог-програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води на општина Василево за 2023 година
  3. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во општина Василево за 2023 година
  4. Предлог-програма за изградба и реконструкција на водоводната мрежа во општина Василево за 2023 година
  5. Предлог-програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици во 2023 година
  6. Предлог-програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја во општина Василево за 2023 година
  7. Предлог-програма за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2023 година
  8. Предлог-програма за уредување на градежно земјиште во индустриска зона во општина Василево за 2023 година
  9. Предлог-програма за изградба и реконструкција на Детски градинки за 2023 година
  10. Предлог-програма за локален економски развој на подрачјето на општина Василево за 2023 година
  11. Предлог-програма запоставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на локалните патишта и улици по населени места во општина Василево за 2023 година
  12. Предлог-програма за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето на општина Василево за 2023 година
  13. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од ЗТКХ „Али бег“ од с. Градашорци
  14. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од организациски одбор на католичката црква „Успение на пресвета Богородица“ од с. Нова Маала
  15. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Гамзе Исинова.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail