Објавен тендерот за асфалтирање на улица во Радичево

1

На страната на Бирото за јавни набавки, https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/3c91a098-6e10-4004-b968-5c17b0e81c97/14, од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион објавен е тендер  за изградба на улица во населеното место Радичево.

Согласно податоците од  тендерската документација, должината на улицата изнесува 327 метри, а ширината околу 3 метри, односно 991 масфалт. Планираниот Буџет  изнесува околу 2 200 000 денари без ДДВ, средства  обезбедени од страна на ЦРЈИПР .

По тој повод,  преку својот ФБ профил,  https://www.facebook.com/vasilevo24, со информација се огласи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов:  „ Пред една година ветивме дека во Радичево ќе бидат асфалтирани сите улици.  Од прв ден работиме посветено и фокусирано на решавање на децениски проблеми на нашите сожители. Задоволството на граѓаните е најголема награда за сработеното.  Објавен е тендер за асфалтирање на улицата до црквата Св.Илија во Радичево, за што обезбедивме средства.  Продолжуваме да ги решаваме проблемите, за убаво Василево“, напиша градоначалникот Андонов.

Согласно објавениот Јавен повик, крајниот рок за доставување на понудите е до 26.12.2022 година.

Untitled,11


grafika, pat

1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail