Василево ќе бара средства за изградба на два парка

DSCN5723

Изградба на парк во с. Василево и изградба на парк во с. Градошорци се двата предлог-проекти со кои општина Василево ќе аплицира за средства  во Бирото за Регионален развој – вака едногласно одлучија советниците на општина Василево, на вчерашната вонредна седница.

Образложение за итноста на Седницата даде градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов, кој појасни дека доставувањето  на предлог – проектите е врзано со рокови, а одлуката од Советот со која се дава поддршка на истите е еден од задолжителните документи.

DSCN5727

DSCN5728

Во одлуките е прецизиран и износот со кој општината ќе учествува во вкупниот Буџет неопхподен за реализација на двата парка. За паркот во с. Градошорци, овој износ е 10%, а за паркот во Василево 20% од вкупниот буџет неопходен за реализација на проектите.

Изградбата на овие два парка е планирана во Програмата  за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2015 година, која Советниците ја усвоија на една од претходните седници.

DSCN5721

DSCN5725

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail