Општина Василево и општина Согут, Р.Турција, потпишаа акт за збратимување

IMG-d4d27b0f691aec4356773810e0d81225-V_576x768

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и претставник на градоначалникот на  општина Согут, Република Турција,  денес, во кабинетот на градоначалникот на општина Василево,  потпишаа акт за збратимување на двете општини.

Во документот меѓу другото стои дека ваквиот чин има заедничка цел за зголемување на соработка во областа на  културата,  економијата, социјалната заштита и урбанизмот, со намера за реализација на заеднички активности.

Намерата е во интерес на граѓаните од двете општини да се развие дијалог и да се зацврсти соработката. Да се разменуваат искуства и преку реализирање на заеднички активности, делувајќи во атмосфера на доверба и дух на солидарност да се придонесе за заеднчки развој.

„Ова е прво збратимување на општина Василево. Досега сме имале соработка со повеќе општини како од Р.Турција и други држави, но денес за прв пат ваквата соработка е официјализирана со потпишување на акт за збратимување.  Како што стои и во официјалниот акт намерата е двете општини, за доброто на нашите сограѓани да реализираме заеднички активности и проекти кои ќе придонесат за зближување на граѓаните и подобрување на условите во одредени области во кои како локални самоуправи имаме надлежност“, е ставот на градоначалникот на општина Всилево, Славе Андонов во врска со денешното потпишување на актот за збратимување на општина Василево со општина Согут, Р.Турција.

scan-1

IMG-2a4a73925e7fe8b352fdb632bda4a748-V_1024x768 IMG-9e04211074363fa2cd7aba9647c4062c-V_1024x768 IMG-40d0ab042ff9d1082271a97c48f81e93-V_1024x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail