Се реновира училиштето во Висока Маала

2_1024x577

Викендов започна реновирањето на ПУ „Атанас Нивичански“ во Висока Маала, за што преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, информација сподели градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

„По остварената работна средба со делегација од Rumeli Türkleri Kültür ve Dayanışma Derneği од Турција, училиштето почна да го менува својот лик . Нашата мисија е да обезбедиме подобри услови за учениците. Верувам дека со нашите меѓународни партнери и сите донатори ќе успееме да го подигнеме квалитетот на образованието во нашата општина. Реновирањето на училиштето во Висока Маала опфаќа реконструкција на кровот,нови клупи,столови,нов под во училниците, нови училишни тоалети, компјутер за секој ученик,нови печки за загревање на училниците и др. Турција е земја во која живеат голем број Македонци и заеднички можеме да реализираме повеќе проекти“.

Реновирањето е со средства од иселениците од Македонија во Турција и со финансиска помош од Советот на општина Василево.

Во Висока Маала, основно образование од прво до петто одделение посетуваат вкупно 83 ученици, а наставата се одвива во две училишни зграда: оваа која сега се реконструира и во која учат децата од прво, второ и трето одделение и во новата училишна зграда која започна со работа пред отприлика една година и  во која настава посетуваат учениците од четврто и петто одделение.

Според информацијата од Соња Ничева,  директорката на ООУ „Атанас Нивичански од Нова Маала, во чиј состав е подрачното училиште во Висока Маала,  во периодот додека ќе се одвиваат активностите на реновирање, сите ученици, од прво до пето одделение настава ќе посетуваат во новата училишна зграда и истата ќе се одвива во две смени. За  учениците  обезбеден е превоз.

1_1024x732 3_1024x768 5_1024x577

7_433x768 9_701x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail