Во Василево ќе се одржи крводарителска акција

krv

На 01.02.2023 година (среда), ОО Црвен крст, Струмица, во соработка со Службата  за трансфузиона медицина и координација со општина Василево, за граѓаните и вработените во општина Василево ќе реализира крводарителска акција.

Акцијата ќе се спроведе во просториите на ООУ „Гоце Делчев“, во Василево во периодот од 10,00 до 14,00 часот.

Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно. Да даруваме крв денес, зашто утре можеби и нам ќе ни треба, порачуваат организаторите.

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail