Советот на општина Василево ја одржа 19-та седница

sednica

Советот на општина Василево, вчера ја одржа редовната 19-та седница, на чиј дневен ред по дополнувањето беа вкупно 20 предлози и сите го добија потребното мнозинство.

Образложение за кварталните извештаи ( Квартален извештај за извршување на Буџетот, Квартален извештај за доспеаните а неизмирени обврски и Квартален извештај за промените на состојбата задолжување на општина Василево) за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 даде градоначалникот на општина Василево Славе Андонов: „Од кварталниот извештај, може да се види една успешна реализација на Буџет. Имаме 88% реализација на вкупниот Буџет за минатата година и 87,7 % на основниот Буџет. Реализацијата е повеќе од добра и имајќи предвид во какви услови функционираме, планирањето било соодветно и спрема расположивите приходи од претходната година. Се надевам дека и оваа година ќе ни биде слична на минатата во делот на реализација на Буџетот, бидејќи со измените на законите за ДДВ и дотации спрема општините, доколку имаме реализација на Буџетот повеќе од 75% ни следуваат и повеќе средства како општини“, рече во своето образложение геадоначалникот Андонов, кој за оваа година очекува повеќе средства. Во делот на задолжувањето на општината, рече дека долгот е 95 816 000 денари што е помалку од наследеното, општината постојано ги враќа обврските но има достасани и нови побараувања.  Советниците ја донесоа и Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Василево за 2023 година, Буџетскиот календар за 2023 година, Измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2023 година за општина Василево.

Дискусија предизвика Финансиски извештај на ЈП „Турија“ до четвртото тромесечие за 2022 година од 01.01.2022 до 31.12.2022 година, односно работењето на претпријатието, за што советниците имаа усогласен став дека е неопходно одржување на посебна седница на Советот заедно со раководната структура на претпријатието, со цел да се најдат решенија за проблемите со  кои се соочува Претпријатието.

На Седницата усвоен беше и Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во општина Василево за 2022 година како и Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за комунални дејности на подрачјето на општина Василево за 2023 година, Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Василево и Предлог-програма за третирање на животните бездомници на подрачјето на општина Василево за 2023 година.

Советниците беа едногласни во врска  Предлог-одлуката за збратимување на општина Василево со општина Согут, Р.Турција, прво збратимување на општина Василево, кое треба да резултира со меѓусебна соработка и бенефит за граѓаните на збратимените општини.

Позитивен одговор добија и Барањата за финансиски средства и донации, поднесени од правни и физички лица.

Дневен ред за 19-та седница(со дополнување)

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail