Советот на општина Васиево ја одржа 20-та Седница

DSC_0399_1024x681

Денес, Советот на општина Василево, ја одржа редовната 20-та Седница, првично закажана за 07.02.2023 годинa (вторник) со почеток во 09,00 часот.

Според информација од претседавачот со општинскиот совет, Ристо Делијанов, промената  на терминот е на барање и во согласнст со членовите на  Советот на општина Василево.

Усвоени беа трите предлози од дневниот ред.

Едногласно,  советниците ја усвоија Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата  за изработка на урбанистички планови во општина Василево за 2023 година и Предлог-програмата за животна средина на општина Василево за 2023 година. Позитивно одговорија и на Барањето на ЛД „Фазан“ од Василево, на кои им одобрија финансиски средства во висина од 60 000 денари за организација на нивната традиционална „Ловечка вечер“, закажана за 04.03.2023 година.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail