Започна реконструкцијата на спортско игралиште на ООУ „Гоце Делчев“ во с. Василево

DSC_0112_1024x681

Денес, општина Василево ги започна градежните активности за реконструкција на спортското игралиште на  ООУ „Гоце Делчев“ во населеното место  Василево. Увид во стартот на градежните активности направи градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.

Активностите започнаа со расчистување на теренот, односно отстранување на постојниот асфалт, оградната мрежа и спортските реквизити односно стативи и кошеви, како почетни од вкупните планирани активности, кои ќе финализираат со комплетно ново, модерно игралиште, изградено по најсовремените стандарди за вакви типови на објекти.

Согласно   Договорот со изведувачот, на простор од 1000 м2 по расчистувањето на теренот ќе биде  поставена нова квалитетна асфалтна подлога со акрилна боја специјална за повеќенаменски игралишта. Целосно ќе се реконструира и постоечката заштитна ограда која ќе биде заменета со нова четириметарска ограда, а за ноќно спортување, ќе биде поставено лед осветлување.

Од спортски реквизити, игралиштето ќе биде опремено со два самостоечки гола со мрежа според  ИХВ стандардите како и два коша по стандардите на ФИБА.

Согласно тендерската документација планирано е поставување и на четири клупи за седење и корпи за отпадоци.

Средствата за реализација на овој проект, согласно Договорот со компанијата изведувач изнесуваат 4.919.004 денари, и истите се обезбедени од општинскиот Буџет.

Крајниот рок за комплетна изведба на сите планирани активности е 31.05.2023 година.

Изведувач на градежните активности е компанијата ЕВРОГРАДБА-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ с.Владиевци , која на јавно објавениот тендер достави најповолна понуда.

DSC_0119_1024x681 DSC_0123_1024x681 DSC_0131_1024x681

DSC_0125_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail