Стопанствениците и ЕВН на состанок со градоначалникот Стојанов

DSCN5734

На иницијатива на градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, работен состанок одржаа претставници на ЕВН Македонија и стопанствениците – сопственици на градежни парцели во индустриската зона КО Градошорци.
Се бараше решение за постојниот далекувод кој се протега долж оваа индустриска зона. Потребата од негова дислокација одамна е констатирана и е неопходна заради непречено одвивање на сите сегашни и идни активности на овој простор.
Според информацијата од градоначалникот на општина Василево постигнат е договор. Далекуводот ќе биде дислоциран а трошоците за оваа активност ќе ги сносат стопанствениците.
На дел од овие парцели во тек се градежни активности, додека на останатите се очекува набрзо да започне изградбата на планираните стопански објекти.
Во иднина како што информираше Стојанов, општината ќе ја обезбеди неопходната инфраструктура со што оваа индустриска зона ќе добие сосема нов лик и услови за непречено одвивање на активностите на стопанствениците.

DSCN5730

DSCN5731

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail