Отчет на градоначалникот Стојанов за изминатата година

DSCN5759 (Custom)

Почитувани сограѓани!
Измина уште една година. Година во која ветените проекти беа наш приоритет. Подобрувањето на инфраструкурата , развојот на индустријата и воопшто подобрувањето на животот на сите наши граѓани,беше и ќе биде наша водилка и во наредниот период.Нашата грижа за сите Вас почнувајќи од најмалите,со изградбата на првата детска градинка им ја донесе „Првата Радост“ во општина Василево.
Подобрувањето на условите во образованието го почувствуваа скоро сите населени места и подрачни училишта. Со реконструкцијата на училиштата во Радичево и Чанаклија сите ученици го почувствуваа училиштето како свој топол дом. После изградбата на спортската сала изградени се и повеќе мултифункционални игралишта а во фаза на изградба се и игралиштето во Седларци, двојно тениско во Ангелци а во текот на оваа година и Дукатино ќе добие свое спортско катче.
Патната инфраструктура континуирано се подобрува. Новите улици во наслените места Добрашинци, Радичево, улицата во т.н Варваричка маала во с. Градошорци, реконструираната улица од центарот до училиштето во Пиперево како и локалните патишта Добрашинци – Висока Маала и Радичево – Дукатино значат квалитет во патната инфраструктура – подобри патишта за сите корисници.
Ниту една надлежност на локалната самоуправа и ниту една област од општинското живеење, не е занемарена:
Изградбата на систем за одведување на отпадни води беше проект кој нашата Општина почна да го работи со голем оптимизам. За само една година изградени се 21 700 метри фекална канализација и 1700 метри атмосферска канализација. Проект за чија имплементација можат да позавидат и поголемите општини, а бенефитот веќе го почувствуваа граѓните од Ангелци и Пиперево а во наредниот период истиот бенефит ќе го почувствуваат и граѓаните на Градашорци и Василево бидејќи главниот колектор е веќе завршен.
И она за што општина Василево дава голем приоритет – развојот на индустријата. Индустриските зони во Василево се бренд за нашата Општина. Голем број на стопанственици познати во својата дејност се веќе дел од општина Василево. Повеќе од 70 објекти веќе се изградени и функционираат. Околу 400 граѓани овде ја нашле својата егзистенција. Тоа е процес кој се одвива континуирано а ние како локална самоуправа го поддржуваме.
Подобрувањето на условите за работа, овозможување на комунална и друг вид инфраструктура ќе биде наша заложба и во иднина. Препознавајќи ја нашата грижа за Нив, добрата местоположба, ниските комуналии ќе направи и други заинтересирани бизнисмени да бидат купувачи на градежни парцели во новата индустриска зона во општина Василево. А за кратко време тие ќе бидат наш коректор за намалување на невработеноста а секако и за откупот на земјоделските производи од нашите трудољубиви земјоделци.

Градоначалник на
Општина Василево
Ванчо Стојанов

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail