Во Чанаклија асфалтирана улицата кон Католичката црква

naslov

Викендов, во населеното место Чанаклија беше асфалтирана улицата што води кон Католичката црква.

Улицата е со должина од  137 метри и ширина од околу  3,2 метри.  Буџетот за нејзина реализација во износ од 648 057 е обезбеден од општинската каса.

Оваа Улица е планирана со Програмата за изградба на локални патишта и улици во општина Василево за 2022 година.

Изведувач на градежните работи на терен е компанијата Бони интерградба.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, кој на лице место ја следеше последната фаза од изградбата на оваа улица, со статус на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, потсети дека оваа улица односно нејзиното асфалтирање го има ветено во текот на неговата предизборна кампања за Локалните избори 2021 година.

„ Уште едно мое предизборно ветување станува реалност. Нов ден и уште еден реализиран проект. Асфалтирана улицата до католичката црква во Чанаклија“, напиша Андонов.


2_576x768 3_397x768 6_432x768 8_432x768 9_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail