Денот на пролетта одбележан во општина Василево

1

Со садење дрвца во општинскиот двор, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и  вработените во општината симболично го одбележаа денот на пролетта.

„Со овој чин на садење дрвца во дворот,  сакам да упатам порака дека секој од нас и со само едно засадено дрвце, може да даде придонес во одржувањето на животната средина и да оддаде благодарност за благодетите што ги  уживаме од мајката природа“ , изјави градоначалникот Андонов кој исто така се  вклучи и во еколошката  акција организирана во ООУ „Гоце Делчев“ Василево во која учениците и вработените во училиштето го уредуваа и озеленуваа училишниот двор.

Доаѓањето на пролетта го поздравија и дечињата од детската градинка „Прва радост“, Василево, кои на симпатичен начин костимирани во јаготки и буба мари, продефилираа низ улиците на Василево посакувајќи и добредојде на пролетта.

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13

 

 

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail