Советот на општина Василево ја одржа 23-та седница

naslov

Денес, Советот на општина Василево ја одржа редовната 23-седница, на чиј дневен ред, по дополнувањето беа вкупнпо седум точки и сите беа усвоени.

Советниците едногласно и без дискусија ја усвоија Предлог-програмата за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување на локалните патишта и улици во 2023 година. Усогласен став имаа и за барањето за финансиски средства поднесено од Атанас Беќарски од Василево за организирање натпревар во влечење трупцио по повод празникот Велигден, за што ми беа одобрени 40 000 денари.

На дневен ред на денешната седница, како дополнителни точки беа и две предлог-одлуки кои се однесуваат на обезбедување на сопствено финансиско учество на општина Василево како услов за аплицирање на проекти до Министерството за животна средина. Во образложението дадено од градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, тој појаснува дека   „Министерството за животна средина има објавено повик во врска со реконструкција на водоводи и филтер станици. Ние како проекти имаме готови,  два. Во врска со точката што е на дневен ред се работи за мост што се наоѓа спроти 11-ти септември. Повеќето од фирмите што се таму се жалат  дека не можат да ја минат реката –  нема мост. Ние ќе се обидеме. Рокот за аплицирање е до крајот на месец на март. А ние имаме два проекти: едниот е овој за мостот,  а другиот за филтер станицата. Ќе аплицираме со двата“, рече градоначалникот Андонов во образложението за двете точлки од дневниот ред:  Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во Проектот за изградба на АБ мост на р. Водочница, општина Василево и Предлог-одлука за сопствено учество на општина Василево во проектот за изградба на систем за водоснабдување на с. Пиперево, книга 3-реконструкција и проширување на филтер станица за прочистување на питка вода за општина Василево.

На оваа седница советниците позитивно одговорија и на барањата за финансиски средства за организирање фудбалски турнир во с. Чанаклија по повод празникот Велигден, како и средства за реновирање на тремот во црквата во с. Ангелци; и двете барања поднесени од граѓани на овие населени места.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail