Асфалтирано игралиштето во с. Седларци

DSCN5836

Во населеното место Седларци денес се асфалтираше повеќенаменското игралиште, кое се гради во центарот на селото веднаш до основното училиште.
„ Во месец декември започнаа градежните работи на ова игралиште кое ќе го користат жителите на населеното место Седларци. Функцијата е повеќенаменска а и локацијата е соодветна бидејќи се наоѓа во центарот на селото и е во непосредна близина на самото училиште така што и учениците ќе може да го користат за реализирање на наставата по физичко воспитување. Изградбата на ова игралиште е резултат на континуираното вложување во спортот и спортската инфраструктура од страна на општина Василево“, рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов во денешната изјава за медиумите.

DSCN5819

DSCN5826

Вкупниот буџет за реализација на овој проект изнесува околу 2,5 милиони денари, средства обезбедени од Буџетот на општина Василево.
Според градоначалникот Стојанов игралиштето набргу ќе биде комплетно завршено, односно ќе бидат поставени кошевите, стативите и рефлекторите, па со почетокот на убавото време Седларчани ќе можат да спортуваат на своето ново игралиште.
Изведувач на работите е градежната компанија „Пешо Инженеринг“ од Струмица.

DSCN5810

DSCN5818

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail