Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизќок ја посети општина Василево.

2_1024x768

Во сабота, 15.04.2023 година, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на амбасадорот на Ртурција во РСМакедонија, Н.Е Хасан Мехмет Секизќок.

Детали од посетата, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов.

„ Заедно со Амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок ги посетивме населените места Василево, Пиперево и Висока Маала. На средбата, разговаравме за историската поврзаност на двете држави.  На средбите укажав на потребите од слога и заедништво во сите области кои се заеднички за нас и нашите граѓани. Заедно и искрено да продолжиме со традицијата која со векови ги одбележува животите во нашата општина. Општина Василево секогаш била пример за соживот, почит и разбирање и само така може да очекуваме позитивни нешта за нашата општина и за нашите граѓани. Заедно да работиме за полесен и поквалитетен живот на луѓето, за напредок во образованието, здравството, културата и сите други општествени сфери. Само со заедничка работа може да создаваме дела и вредности кои ќе останат за следните генерации“, напиша  градоначалникот Андонов, кој вети континуитет во ваквите активности преку кои се отвараат нови перспективи за општината.

„Продолжуваме да работиме, Општина Василево да биде меѓународно препознаена и афирмирана. Отвараме нови перспективи за општина Василево“, порачува  Андонов.

8_1024x768

 7_1024x460

4_576x768

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail