Градоначалникот Андонов на Велигденска литургија во с. Чанаклија

наслов

Градоначалникот на општина Василево, Славе Aндонов, на покана на отецот  Ванчо Назов од црквата ,,Свети великомаченик Георги“ во Чанаклија, присуствуваше на Велигденска литургија богослужена од бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов.  За овој настан градоначалникот Андонов информираше преку својот ФБ рпофил, https://www.facebook.com/vasilevo24

„Денес на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден со претседателот на Советот – Ристо Делијанов присуствувавме на света Велигденска литургија во црквата ,,Свети великомаченик Георги“ во Чанаклија на покана на о. Ванчо Назов . Светата Велигденска литургија ја служеше бискупот скопски и епарх струмичко-скопски д-р Киро Стојанов. Нашата вера се заснова на сведоштвата на оние што го виделе воскреснатиот Христос. Исто така, светот околу нас живее според верата што ние самите ја исповедаме и сведочиме со нашиот живот. Со таа вера ќе живеат генерации по нас. Носени од оваа вера и „големата надеж“ на вечниот живот, никогаш не смееме да се умориме да правиме добро и да сведочиме за Исус Христос, воскреснат од мртвите“, порача преку својот ФБ профил градоначалникот Андонов, по светата Велигденска литургија.

10_1024x576 13_1024x576 17_1024x576 20_1024x576

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail