Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов организираше Ифтарска вечера

naslov

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод празникот Рамазан Бајрам, за своите сограѓани од муслиманска вероисповед организираше Ифтарска вечера. Преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, упати порака со добри желби за соживот, меѓусебно почитување и толеранција како темели на напредокот

„Рамазанските денови се денови на добрина, солидарност и обединување помеѓу луѓето.

Така помина и ифтарската вечера организирана за пријателите од исламска вероисповед – во духот на меѓусебната почит и разбирање, во една пријатна атмосфера испраќајќи силна порака за соживот и толеранција, за напредок. Да се почитуваме и да бидеме сплотени за заедно да успееме во нашата мисија – силна и развиена општина и просперитетна Македонија!

Да сте здрави и живи и со радост да го дочекате празникот! Ми беше чест да присуствувам!

На Ифтарската вечера присуствуваше и  претседателот на Движењето за национално единство на Турците, Ердоган Сарач.

18_1024x684

11_1024x684 13_1024x684 16_1024x684

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail