Градоначалникот Славе Андонов одржа средба со жителите на с.Ангелци

1

Градоначалникот на општина Василево,  Славе Андонов, одржа средба со граѓаните на населеното место Ангелци, на која главно е разговарано за изградбата на фекалната канализација во ова населено место, односно реализацијата на последната фаза.

На средбата присуствуваше и пратеникот во Републичкиот Парламент од ова населено место  Дајанчо Ефтимов.

„Вечерва оддржавме средба со граѓани во населеното место Ангелци. На средбата разговаравме за реализацијата на последната фаза од изградбата на фекалната канализациона мрежа за ова населено место. Ветив дека во Ангелци нема да има неасфалтирана улица до крајот на мојот мандат. Низ дијалог со граѓаните ги решаваме децениските проблеми во општината. Општината е на граѓаните и таа секогаш мора да биде отворена за решавање на нивните проблеми и потреби“, по средбата напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот Андонов.

2 3 4

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail