Честитка од градоначалникот Андонов по повод Рамазан Бајрам

11

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по повод Рамазан Бајрам, до своите сограѓани од муслиманска вероисповед упати честитка со добри желби за здравје, мир, радост, успех и заедничка иднина како мостови на соживот.

„Во мое име, и во име на локалната самоуправа на Василево, на сите граѓани од исламска вероисповед, им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам со желба за добро здравје, мир, радост и успех во животот.

Честитајќи им го светиот месец Рамазан како најсвет празник во исламот, рано утрово во џамијата во Градошорци, веднаш по утринската молитва со која верниците од муслиманската веросиповед го започнаа тридневното одбележување и ги потсетив на моите постулати на милост, солидарност, добра мисла, почит кон различниот, нешта кои одамна се негуваат на овие наши простори.

Таа добра мисла ни помага да напредуваме заедно кон заедничка иднина и како ,,мостови на соживот,, треба да им се пренесуваат на помладите генерации“, им посака градоначалникот Андонов на своите сограѓани од муслиманска вероисповед.

4_1024x576 7_1024x576 10_1024x576 12_1024x576 15_1024x576

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail