Возобновен Рамазанскиот турнир во мал фудбал

2_1024x461

Во Василево, во спортската сала на ООУ „Гоце Делчев“, по повод Рамазан Бајрам, под покровителство на општина Василево се одржа турнир мал фудбал.

Информацијата за возобновениот Рамазански турнир, преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24 сподели градоначалникот на општина Василево Славе Андонов,  кој присуствуваше на овој спортски настан.

„Рамазанските денови, се денови на добрина, солидарност и обединување помеѓу луѓето.

Ветеното го реализиравме, повторно се возобнови турнирот во мал фудбал, организиран за најголемиот исламски празник Рамазан Бајрам во Општина Василево .

Да се почитуваме и да бидеме сплотени за заедно да успееме.Се надевам дека овој турнир ќе стане се поголем и традиционален.

Овој турнир и понатаму ќе ја има подршката од општина Василево.

Честитки до организаторите Ajhan Demov и Burhan Isinov .

Турнирот е организиран со финансиска поддршка на општина Василево и истиот е планиран со Програмата за спорт, рекреација и манифестации на подрачјето во Општина Василево за 2023 година.

3_1024x461 4_1024x461 5_1024x461

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail