Градоначалникот на средбата со граѓаните во с. Едрениково

4_1024x576

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, синоќа одржа средба со жителите на населеното место Едрениково, за која детали сподели преку својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24

„Вечерва бев во Едрениково. Топло и срдечно бев пречекан од жителите.  Јасно и недвосмислено ми ја кажаа нивната верба за тоа што го правиме. Тоа е мотив и задача за сите нас да сработиме и да се вложиме за најдоброто за Едрениково. Наредниот месец ќе се асфалтира улица во Едрениково, ветена пред граѓаните и истата е дел од мојата програма.

Општина Василево ќе помогне финансиски, во уредувањето на бината во црквата св.Ѓорѓи.

Финансиски ќе ја помогнеме и манифестацијата Ѓурѓовденски средби која се одржува во дворот на Црквата Св.Ѓорѓи“.

4_1024x5765_1024x576 6_1024x576 8_1024x461

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail