Општина Василево втора по проактивна транспарентност во Југоисточниот регион

za naslov transparentnost, 1

„Според индексот за проактивна транспарентност на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, Општина Василево се наоѓа во групата на општини со високо ниво на транспарентност во државата меѓу локалните самоуправи и Центрите за развој на планските региони за 2023 година. Изминатите години Општина Василево постојано напредува на скалата за транспарентност, според овој извештај напредувањето е за 11 места.  Работиме чесно, овозможуваме доверба во институциите. Транспарентноста е наш приоритет!  Граѓаните на Општина Василево треба да бидат горди на оваа признание“, напиша на својот Фб профил, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, споделувајќи ја информацијата за резултатите од последното истражување направено од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер,  а кое се однесува на  објавените документи и информации кои општините и центрите за развој на плански региони во РСМакедонија како иматели на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници. Согласно Извештајот на Агенцијата, https://aspi.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8/%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%88%d1%82%d0%b0%d1%98-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d1%80%d1%88%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%98%d0%b0-5/ , општина Василево е во групата на општини со високо ниво на транспарентност. Во рамки на Југоисточниот плански регион,  во однос на проактивната транспарентност е на второ место. Според анализите на Агенцијата општина Василево  на скалата на транспарентност во однос на претходното истражување од 2021 година има позитивен напредок односно раст за 11 места.

Мониторингот  од страна на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер беше спроведен во периодот од 10 април до 15 мај 2023 година.

slika 11

 

slika 22, sporedbena analiza

region1

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail