Во недела ќе се одржи планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“

IMG_20230526_104139_733_1024x608

Општина Василево и годинава ќе го поддржи одржувањето на планинарскиот марш „По патеките на Мис Стон“,  кој го организира ЗПСК „Маратон“, од Струмица, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешната средба што ја имаше со претседателот на ЗПСК „Маратон“, Ѓорги К`рмзов.

Според Програмата на организаторот маршот ќе се одржи во недела на 28.05.2023 година.

Сите заинтересирани учесници,  во 07,30 часот треба да бидат на брана Турија, од каде што организирано се тргнува кон с. Нивичино. Се пешачи по следната маршута: брана Турија – Јурукова колиба – Павлова ливада – Железен дол. Пристигнувањето во Нивичино е планирано за околу 12,00 часот.  За во 14,00 часот планирано е доделување на благодарници за учесниците, по што во 14,30 започнува враќањето кон брана Турија.

За сите учесници организаторот подготвува заеднички ручек. Учесниците треба  со себе да понесат прибор за јадење и вода за пиење.

Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 07 до 77 години.

Заинтересираните за овој планинарски марш, неопходно е своето учество да го најават на телефонскиот број 071 253 203.

Планинарскиот марш „По патеките на  Мис Стон“ е традиционален и годинава се одржува по 12-ти пат.

IMG_20230526_104131_194_1024x598

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail