Дневен ред за 26-та седница на Советот на општина Василево

Sala na Sovet

На 05.06.2023 година (понеделник) со почеток во 17,00 часот,  во просториите на општина Василево, Советот на општина Василево ќе ја одржи редовната 26-та седница.

За работа на Седницата предложен е следниот дневен ред:

  1. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Василево за 2023 година;
  2. Предлог-одлука за користење на Процената за загрозеност од ризици и опасности за настанување на кризна состојба на подрачјето на општина Василево;
  3. Донесување на одлука по барање за градежен материјал поднесено од Црковен одбор Радичево;
  4. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Црковен одбор Пиперево и
  5. Донесување на одлука по барање за финансиски средства поднесено од Војо Џингарски.

Дневен ред

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail