Подготовка за асфалтирање на улица во Сушево

naslov

Во населеното место Сушево  во фаза на изградба е една од улиците планирани со општинската Програма за изградба, реконструкција, одржување на локални патишта и улици за 2022 година. Во текот на вчерашниот ден компанијата Бони интерградба,  со која како најповолен понудувач општина Василево има склучено Договор за изведување на градежните работи, работеше на терен на подготовка на улицата за асфалтирање, кое ќе биде извршено во текот на  наредните денови.

„Започнавме со подготовка на улица во Сушево која ќе се асфалтира наредните денови а истата со децении беше заборавена. Продолжуваме со решавање на дециниските проблеми затоа што граѓаните заслужуваат подобра општина Василево. Задоволството на граѓаните е наш дополнителен мотив.  Заедно со граѓаните ќе ја направиме општина Василево модерна и развиена“, напиша на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24, градоначалникот на општина Василево Счлаве Андонов, во врска со текот и динамиката со кои се одвиваат активностите во с. Сушево.

Улицата е со должина од 75 метри  и ширина од околу 3,5 метри односно асфалт  од 275 м2  .

Средствата во висина од 334 508 денари се обезбедени од општинската каса.

1_576x768 2_576x768 3_576x768

 

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail