Кровот од Домот на културата во Василево наредните денови ќе биде целосно завршен

DSC_0468_1024x681

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, направи увид во тековните активности на реконструкцијата на Домот на културата во населеното место Василево.

„Тековно се работи на покривање на објектот, односно монтирање на панелите врз  носечката покривна  конструкција, активност која ќе биде целосно завршена наредните денови  со што ќе се створат услови за непречено одвивање на активностите и внатре во објектот“, информира градоначалникот Андонов по направениот увид на лице место.

Досега, целосно е поставена нова столарија, односно прозорци и врати а тековно се работи и на фасадата на објектот. Согласно планот на активности,  реконструкцијата опфаќа демонтажа (рушење) на постоечката кровна конструкција,  постоечките плафони и преградните ѕидови, демонтажа на постојната бина и комплетната столарија (врати и прозорци), и изградба, набавка  и монтажа на комплетно нови елементи и конструкции, со што постојниот објект, со сите негови простории ќе биде целосно нов и функционален. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува околу 13 700 000 денари од кои околу 10 000 000 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој и Владата на РСМакедонија, а остатокот, со Одлука на Советот на општина Василево, од општинската каса.

„Со целосното завршување на објектот населеното место Василево но и општината како единица на локална самоуправа ќе добие модерен, функционален и повеќенаменски простор ставен во функција на сите граѓани, каде ќе се организираат и одржуваат културно уметнички, забавни и друг вид настани наменети за сите граѓани. Општина Василево одамна има потреба од еден ваков повеќенаменски објект, кој ќе го добиеме со целосната реконструкција  и опремување на Домот на културата“, смета градоначалникот Андонов, кој  во континуитет интервенира за подинамично одвивање на планираните активности.

DSC_0461_1024x681 DSC_0467_1024x681 DSC_0468_1024x681 DSC_0476_1024x681 DSC_0482_1024x681 DSC_0487_1024x681 DSC_0496_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail