Наградените основци од државните натпревари, на прием кај Градоначалникот

DSC_0532_1024x681

Денес, гости во кабинетот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беа учениците од ООУ„Гоце Делчев“, Василево кои на неодамна одржаните државни натпревари имаат освоено награди.

Заедно со своите ментори Алма Хасанова и Зоран Атанасов  беа наградените ученици – учесници на Државното првенство во Атлетика 2022/2023 од каде се вратија со три трети и две втори места  во различни атлетски дисциплини.

Заедно со своите ментори Томе Китановски и Јована Василевска беа и наградените ученички на Државниот натпревар по биологија, кои се од таму се вратија со втора и трета награда.

Успехот на учениците и менторите им го честиташе градоначалникот на општина Василево Славе Андонов  кој меѓу другото им порача постигнатите резултати да им бидат мотивација за понатамошен успех и резултати со кои ќе се гордеат тие самите, училиштето во кое учат и општината која со своите успеси ја промовираат на најубавиот можен начин.

На наградените ученици, Градоначалникот им вети заедничка ексурзија која ќе се реализра набрзо.

DSC_0502_1024x681 DSC_0507_1024x681 DSC_0508_1024x681 DSC_0509_1024x681 DSC_0513_1024x681 DSC_0514_1024x681 DSC_0519_1024x681 DSC_0524_1024x681 DSC_0526_1024x681 DSC_0535_1024x681 DSC_0538_1024x681

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail