Василево обезбеди средства за изградба на два парка

DSCN5960

Денес во просториите на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, одржа прес конференција на која ги информираше граѓаните дека се обезбедени средства за изградба на паркови во населените места.
„Денес сакам да ги информирам граѓаните дека општина Василево, преку Бирото за регионален развој, обезбеди средства за реализација на два проекти: Парк на влезот во Василево и Парк во с. Градошорци.
Паркот на влезот во Василево ќе биде лоциран на празниот простор на самиот влез во селото од кај магистралниот пат, а паркот во с.Градошорци е на просторот пред Домот на културата.
И двата проекти се планирани со Програма за уредување на просторот на градежното земјиште во руралните подрачја на општина Василево за 2015 година“, рече градоначалникот Стојанов.

DSCN5965

Планираниот буџет за изградба на Паркот на влезот во Василево е околу 1 430 000 денари, од кои 80% или 1 144 000 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој а 20% односно 286 000 денари се средства од општинскиот буџет.
Изградбата на паркот во с. Градошорци ќе чини околу 682 000 ден. од кои 303 000 денари се обезбедени од Бирото за регонален развој а остатокот од околу 380 000 денари се средства од општинскиот Буџет.
Што се однесува до содржинската уреденост на просторот, како што рече градоначалникот Стојанов, „таа е во сооднос со површината и локацијата“.

DSCN5698DSCN5710
Паркот во Василево ќе биде со површина од околу 1400 м2 , од кои дел ќе биде зелена површина испресечена со патеки од бехаонски плочи, а од урбана опрема ќе бидат поставени по седум клупи и канти за отпадоци, газебо од ковано железо и ротирачко рекламно пано со ознаки на О.Василево и Р.Македонија. Во вечерните часови паркот ќе биде осветлен за што ќе бидат поставени 25 канделабри.
Површината на Паркот во с. Градошорци е помала во однос на паркот во Василево и изнесува околу 340 м2. Содржински планирано е овде да биде изграден мини амфитеатар со површина од околу 100 м2 , пристапни патеки од бехатон плочи, зелена површина оградена со ѕид од камен и жива ограда, збогатена со жбунови. Од урбана опрема планирани се 5 клупи и 2 корпи за отпадоци.

DSCN5959DSCN5962
Според планирањето двата парка треба да бидат комплетно завршени до крајот на летото.
„Општина Василево во континуитет и плански работи на подобрување на условите во населените места, на хуманизирање на животната средина и реализација на содржини кои му даваат квалитет на секојдневието на нашите сограѓани. Со овие проекти општина Василево уште еднаш на дело покажува дека за нас нема мали и големи проекти, мали и големи потреби, битни и небитни сегменти од животот на зедницата, туку дека граѓанинот со сите негови потреби е секојдневно на нашата работна агенда“, рече на крајот од денешната прес конференција градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail