Градинката „Прва радост“ во Василево започнува со работа

DSC_0002

„Од први април, градинката „Прва радост“ во Василево и практично започнува со работа, односно ги отвара вратите за згрижување и престој на најмалите жители на нашата општина – дечињата до седумгодишна возраст односно до тргнување во прво одделение“, рече градоначалникот на општина Василево, г-дин Ванчо Стојанов на прес конференцијата на која беше најавен почетокот со работа на градинката во Василево.

DSC_0073
Посебно се осврна на, како што рече, два битни моменти и тоа одлуката донесена од Советот на општина Василево за ослободување од плаќање на престојот во градинката за деца без родители и родителска грижа со што на оваа особено ранлива категорија на деца, за која дополнително ќе бидат обезбедени податоци од Центарот за социјални грижи, ќе им се овозможи да ги уживаат благодетите што ги нуди престојот во градинката, а за нивните старатели тоа ќе биде значително финансиско олеснување.
Вториот битен момент што го потенцира градоначалникот Стојанов беше информацијата дека општините Василево и Босилово имаат потпишано Договор за меѓуопштинска соработка за основање клон на детската градинка „Прва радост“ Василево, согласно кој клон ќе биде градинката во с. Моноспитово. Тоа значи дека со стартувањето со работа на градинката во Василево се ствараат услови за згрижување и на дечињата во Моноспитово. На крајот градоначалникот Стојанов обракајќи им се на родителите кои имаат мали деца им порача дека одлуката да ги запишат дечињата во градинка ќе биде едно од најдобрите нешта што тие го направиле за своите деца.
Информации околу документите неопходни за упис, капацитетот, работното време и цената за престој во градинката даде в.д директорката Даниела Трајковска.
Документи потребни: извод од матичната книга на родените и потврда за редовно вакцинирање, градинката ќе работи од понеделник до петок од 06 ч. до 17 ч., капацитетот е за 70 дечиња, децата ќе бидат сместени во три воспитни групи, деца до 2 години, од 2 до 4 години и од 4 до 6 години.
Износот за еден месец, за целодневен престој изнесува 1490 денари.
На крајот од обраќањето директорката Трајковска им посака успех во работата на вработените а на дечињата пријатен престој.

DSC_0020DSC_0022DSC_0026DSC_0035DSC_0038DSC_0047DSC_0056DSC_0058

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail