Советот на О.Василево ја одржаа 25-та Седница

DSC_0104

Завршните сметки на двете основни општински училишта „Атанас Нивичански“ и „Гоце Делчев“, беа усвоени на вчерашната 25- та редовна седница на Советот на општина Василево, на која беа донесни вкупно десет одлуки.
Советниците беа усоглаени и со мнозинство од сите присуни ги донесоа одлуките за утврдување на приоритните проекти со кои општина Василево ќе аплицира за средства од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура на јавниот повик објавен од Министерството за финансии.

DSC_0093DSC_0103
Станува збор за вкупно три предлог-проекти, за кои образложение даде градоначалникот на општината, г-дин Ванчо Стојанов. „Изградба на улица во с. Василево од центарот до индустриската зона“, Изградба на колектор К1 со дел од припадни колектори во с. Ангелци“ и „Изградба на улица во с. Владиевци“, се предлог-проектите со кои општина Василево ќе конкурира за европски средства.
На седницата беа усвоени и два предлози кои се однесуваат на детската градинка „Прва радост“ Василево. Донесена е одлука за проширување на програмите за вршење на дејноста на ЈОУГД „Прва радост“ општина Василево, во објект во с. Моноспитово, општина Босилово, што значи дека во надлежност на „Прва радост“, Василево е организирањето на целокупната активност, во клон градинката во с.Моноспитово, чиј капацитет е 40 деца на возраст од 2 до 6 години, поделени во три групи со целодневен престој. Усвоена е и одлуката за износот на надоместокот на трошоците за престој во градинката, кој за целодневен престој изнесува 1490 денари.

DSC_0086DSC_0094DSC_0100
На седницата беа усвоени и предлозите доставени од УО на „ЈПКД“, Турија Василево за корекција на цените на одредени услуги кои оваа претпријатие им ги испорачува на граѓаните.
Корегирана е цената на техничката вода која од 6,5 денари за м3 зголемена е на 9,00 денари зголемено за 5%ДДВ.
Одобрено е зголемување на водата за пиење кај правните лице, која сега изнесува 45 ден. за м3 зголемено за 2% надоместок за фондот за води и 5%ДДВ.
Корекција односно зголемување на цената претрпе и услугата собирање, транспортирање и депонирање на комуналниот цврст отпад кај правните лица и тоа за правни лица со површини поголеми од 100 м2 оваа услуга сега ќе чини 1500 денари, а за сите останата правни лица и јавни установи цената е 500 денари.

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail