Дукатино доби асфалтирана улица

DSCN5978

Денес, локалната самоуправа од Василево асфалтираше улица во населеното место Дукатино. Новоасфалтираната улица води кон манастирскиот комплекс со што за верниците а и за останатите жители воопшто, створени се услови за подобар пристап кон верскиот објект и кон овој дел селото.
„Со асфалтирањето на оваа улица општината ствара услови и за изградба на куќи во овој дел од селото, кој токму поради лошата пристапност се избегнуваше поради што граѓаните градеа во подолниот дел од селото, кој пак последните години страда од зачестените обилни врнежи“, рече градоначалникот на општина Василево г-дин Ванчо Стојанов, кој денес присуствуваше на асфалтирањето на улицата во Дукатино.

DSCN5983DSCN5986
Вкупната должина на оваа улица која од едниот крај е поврзана со постојната асфалтирана која поминува низ селото, изнесува околу 500 метри.
Вкупниот буџет е околу 4 000 000 денари, од кои околу 3 400 000 денари се обезбедени Агенција за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а остатокот од околу 600 000 денари се средства од општинскиот буџет. Изведувач на работите е градежната компанија „Џови компани“.

DSCN5979DSCN5984

facebooktwittergoogle_plusredditpinterestlinkedinmail