Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов и пратеникот Дајанчо Ефтимов, на второодделенците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево им подарија спортска облека, донација од Boots for Balkans, австралиска добротворна организација. Донацијата е реализирана преку нашите иселеници во Австраклија.
Радоста од подароците учениците ја изразија со ветување дека спортувањето ќе стане нивно секојдневие.
Boots for Balkans е добротворна организација чија цел е преку донации, спонзорства и финансирање да обезбедат еднакви можности за сите љубители и учесници во спортот.






